Македонија
23. јуни 2017 - 15:56

Топлото време добредојдено за пролетните култури, ризично за виновата лоза

Топлото време ќе овозможи поволни услови за развој, пред се на пролетните култури на кои во овој период, покрај вода, потребни им се и повисоки температури, а позитивно ќе влијае и врз есенската пченица која зависно од локацијата и кога е посеана, е во фаза од млечна до восочна зрелост, велат агрометеоролозите. 

Поради развој на болести, чувствителна е виновата лоза која е во фаза на формирање бобици.

- Топлото и сончево време позитивно влијае и врз појавата на инсекти и штетници кај овошките, окопните и градинарските култури, а може да се искористи за прибирање на родот од јачменот, кој на некои места веќе е почнат, наведува Секторот за агрометеорологија на УХМР.

Во наредниот период се очекува претежно стабилно и топло време со поумерени дневни температури над 30 степени, а долж Повардарието до 35. Услови за нестабилност има само во сабота и во понеделник.