Тодоров: Кофинансирање на специјализациите и подобрување на статусот на младите лекари
Финасиска стимулација и земање на плата за време на специјализацијата. Министерството за здравство со нови мерки за подобрување на статусот на младите лекари. Од 30 до 70 проценти ќе ја кофинансираат приватната специјализација и тоа за дефицитарните специјалности. Оваа поволност важи за лекарите кои не се вработени но и оние кои веќе специјализираат. Во исто време избраните кандидати и ќе заработуваат. Болницата каде ќе го усовршуваат знаењето ќе им дава минимална плата.
-На пример ако битолката болница објави оглас за двајца гинеколози, оние кои ќе поминат на огласот ќе бидат вработени на определено време во установата каде ке специјализираат а потоа битолската болница без објавувањ ена оглас ќе ги вработи, вели Никола Тодоров министер за здравство
Втората стимулативна мерка е за кофинансирање на специјализации по педијатрија и гинекологија, кадар што го нема во доволен број во одредени градови. За овие лекари е загарантирано склучување на договор со Фондот по отворање на приватните ординации.
- Ова значи сериозен бенефит за младите лекари затоа што од една страна им се субвенционира специјализацијата, а од друга страна имаат или загарантирано вработување или загарантиран договор со Фондот во износ од 50 илјади денари месечно што е сосема доволно за почеток при основање на приватна здравствена установа, вели Тодоров.
Во сетот мерки е и барањето на младите лекари да има посебна просторија за специјализантите во здравствените установи. Откако измените на Законот за здравствена заштита ќе поминат во Собрание, во Министерството за здравство ќе направат програма за кофинансирање на специјализации.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар