Тилерсон: Труењето на рускиот шпион во Велика Британија доаѓа од Русија
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија „јасно доаѓа од Русија“ и оти „сигурно ќе предизвика одговор“, но не прецизираше каков.
Тој рече дека не знае дали руската Влада знаела за труењето, но оти отровот не можел да потекне од ниту едно друго место.
Според него, супстанцата е позната во САД, но не е широко распространета.
Британската премиерка Тереза Меј вчера во британскиот Парламент изјави дека е „многу веројатно“ дека Русија е одговорна за труењето со нервен агенс на Скрипал и неговата ќерка. Меј нагласи дека Британија во врска со тој случај е подготвена да преземе далеку посеризони мерки кон Русија отколку порано.
- Голема е веројатноста дека Русија е вмешана во труењето на Скрипал бидејќи е утврдено дека супстанцата е од Русија, нагласи Меј.
Русија потоа оцени дека изјавата на Меј е политички мотивирана и се базира на провокација.
- Тоа е циркуско шоу во британскиот Парламент. Заклучокот е очигледен: ова е повторно информативно-политичка кампања базирана на провокација, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно изјави дека труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија не е прашање за руската Влада.
- Споменатиот руски државјанин работел за една од специјалните служби на Велика Британија, тоа се случило на територија на Велика Британија и на никаков начин не е прашање за Руската Федерација, односно раководството на Руската Федерација, рече портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.
Песков истакна и дека не слушнал за обвинувањата на британските политичари за можна вмешаност на Русија во овој напад.
Поранешниот резервен полковник на руското воено разузнавање кој бил врбуван за британското разузнавање МИ6, поради што во 2010 година е осуден за предавство, Сергеј Скрипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија од минатата недела се во болница во критична состојба, откако се пронајдени без свест на клупа во градот Салсибери на југот од Англија.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп