Македонија
20. September 2015 - 17:14

Тетово никако да го реши проблемот со закрчениот сообраќај

Иако заминаа печалбарите со нивните возила, во Тетово сообраќајниот метеж никако да се намали. Професорот по инфраструктура Вулент Палоши вели дека огромниот број возила, недоволно улици и паркинзи се причината и во наредните месеци во Тетово да има иста слика. Според него треба да се искористат некои од многуте сообраќајно-инфраструктурни решенија кои веќе се применуваат во градовите низ Македонија.

Градоначалничката Теута Арифи дека администарцијата работи на повеќе идеи како да се надмиме сообраќајниот метеж.

За подобрување на сообраќајот во Тетово неколку години се очекува да се пробие булеварот Благоја Тоска како и воведување на зонско паркирање.