Македонија
4. May 2024 - 12:43

Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал

На 03.05.2024 во 21.20 часот во близина на крстосница за рудник Сивец во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“, управувано од С.А.(23) од Прилеп, кој го напуштил местото на несреќата и мопед „џонвеј“, управуван од К.С.(18) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата, К.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.