-->
-->
Тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Велес
-->
Дваесет и шест годишниот М.М од Македонски Брод е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер пред патарината кај Кадински мост на автопатот Скопје-Велес.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, сообраќајката е пријавена синоќа околу 23:30 часот, а се случила откако автомобил „Фолксваген Поло“ со регистерски ознаки на Македонски Брод, управуван од М.М., удрил во метални браници, а потоа излегл надвор од коловозот и удрил во метална ограда.
Повредениот со возило на Брза помош е пренесен во Ургентниот центар Скопје каде е задржан за понатамошно лекување.
Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на сообраќајката и се работи на нејзино целосно расчистување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов