Тешка несреќа во Македонија: изгубила контрола и се забила во бетонска ограда
Во 19 часот и 15 минути на локалниот пат од клучката Камењане кон селото Камењане, се случила сообраќајна незгода во која 25-годишната М.И од Тетово, управувајќи патничко моторно возило “Голф“ со тетовски регистарски таблици, поради неприлагодена брзина на движење, изгубила контрола на управување на возилото, по што со истото излегла надвор од коловозот и удрила во бетонска ограда и метална врата на В.И од селото.
Полицијата денеска информира дека таа по укажаната лекарска помош во Клиничкиот центар во Тетово, поради сериозноста на повредите, била пренесена во Ургентен центар во Скопје.
На младата девојка и биле константирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.
По овластување на Јавен обвинител, увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово.
Причинета е материјална штета од околу 100.000 денари.
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност