Свет
26. January 2017 - 12:04

Тереза Меј: Британија и САД можат одново да го предводат светот

Британскиот премиер Тереза Меј , пред денешното нејзино патување  за САД, каде утре треба да разговара со претседателот Доналд Трамп,  изјави дека Британија и Америка можат одново да го предводат светот.

Меј оптимистички вели дека во новата ера што сега започнува,таа сака  да ги обнови „специјалните односи„ меѓу двете земји.

Британскиот премиер прво ќе отпатува за Филаделфија, каде како гостинка, ќе зборува на тамошната конференција на политичките лидери на американската Републиканска партија. На оваа конференција е предвидено да присуствува и претседателот Трамп.

Во Лондон е најавено дека на конференцијата, Меј ќе порача дека пост-Брегзит „суверена и глобална„ Британија сака да ги заврсне односите со старите пријатели, мислејќи пред се на САД.

Утре, таа во Белата куќа ќе се сретне и ќе разговара со Трамп, како првиот странски лидер што се сретнал со новиот американски претседател.

На разговорите главни теми 

е бидат трговските врски по излегувањето на Британија од ЕУ, безбедноста и разунавачката соработка и иднината на НАТО, за што официјален Лондон е посебно заинтерсиран.

Претхно, во интревју за Би-Би-Си, таа изјави дека не се плаши со Трамп, отворено да зборува и за прашањата за кои тие двајцата не се согласуваат , како што е односот кон жените и кон муслиманите.

Британија има бројна муслиманска заедница, а пред една година, во британскиот Парламент се водеше расправа за тоа да му се збрани влез во земјата, на тогаш претседателскит кандидат Трамп, поради неговите говори во кампањата за забрана на влез на муслиманите во САД и за нивно проерување.

Меј која тогаш беше министер за внатрешни работи, не се огради од една ваква дебата, единствена во во било која европска земја.

Трамп кој ја исмеваше дебатата, подоцна за свој пријател во Британија го најде антиевропскиот англиски политичар Најџел Фараж, тогашен лидер на десничарската УКИП. 

Фараж беше на два пати гостин на предизборната кампања на Трамп во САД, а тој беше единствениот светски политичар кој јавно заговараше излез на Британија од ЕУ.