Телото на амбасадорот Карлов ќе биде транспортирано во Москва
Телото на вчера убиениот амбасадор на Русија, Андреј Карлов денеска ќе биде транспортирано во Русија.
На аеродромот е планирана церенонија со ограничен број на учесници, претставници на дипломатскиот кор и на турски претставници.
Амбасадата на Русија соопшти дека ќе предложи Карлов да биде одликуван со државна награда.
- Нападот го сметаме за провокација со цел да се поткопа процесот на нормализација на билатералните односи, како и во голем степен да не се дозволи ефективна борба против тероризмот во Сирија, истакна портпаролката на Амбасадата, Ирина Касимова.
Синоќа во Руската амбасадата сочувство изразија турскиоит заменик-премиер Ертугрул Тјурке, и замениците-министри за надворешни работи Ахмет Јилдаз и Јумит Јардам, поранешен амбасадор на Турција во Москва. ми/ссм/11:00
Ново на Сител
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија