-->
-->
„ТекКранч“: Договорот помеѓу Епл и Шазам наводно веќе е потпишан
-->
Договорот помеѓу американската технолошка компанија „Епл“ за преземање на апликацијата за препознавање мелодии и песни Шазам наводно веќе е потпишан, објави сајтот за технолошки новости „ТекКранч“. Информацијата за самото преземање треба да биде објавена денеска.
„ТекКранч“, повикувајќи се на анонимни извори, наведува дека купопродажбата би можела да чини околу 400 милиони долари, иако вредноста на Шазам е проценета на над една милијарда долари.
Во фискалната 2016 година Шазам забележа приходи од 54 милиони американски долари, што е позитивна промена во однос на загубите забележани во текот на фискалните 2014 и 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка