Балкан
5. December 2016 - 22:08

Тажна вест: Почина музичката екс-ју легенда

Врвниот музичар, композитор и диригент, Есад Арнауталиќ кој ја формираше групата “Индекси” почина во Сараево.

Тој почина по долга и тешка болест. Автор е на големи хитови како “Азра”,  “Мирис дуња” и други.

Инаку, роден е на 28 февруари 1939 година во Сараево.