Македонија
6. July 2016 - 16:07

Тачи најавува крај на кризата по посетата на Нуланд

Политичката криза ќе се надмине откако лидерите на партиите ќе се сретнат со германскиот специјален специјален пратеник Јоханес Хајндл и заменик државниот секретар на САД Викторија Нуланд.

Ваков е ставот на претседателот на ДПА, Мендух Тачи кој го соопшти на партиските членови на вчерашната прослава на годишнината на партијата.

- Странските преставници кои посредуваат во решавањето на кризата треба да имаат поцврст став и повеќе да не ги толерираат разните барања и желби на политичите партии. Но тие се претпазливи и ги толерираат политичките партии, за да не излезат на површина меѓуетничките прашања кои како вистински проблеми уште повеќе би ја продлабочиле кризата во земјава, рече Тачи на брифингот со новинарите.

Тачи смета дека спорните 42 000 гласачи кои не се најдени за време теренската проверка треба да бидат избришани од избирачкиот список.

-Се работи се гласачи Албанци од шестата изборна единица кои ДУИ со чист фалисфикат ги злоупотребува за време на изборите и ги користи како нивни гласови, изјави Тачи.

Тој останува на ставот ставот за широка коалициона влада со подеднаков ист број на министерства за ДУИ и ДПА.