СВР Тетово го расчисти случајот со лицето кое со легитимација помина на патарина без да плати
Тетовската полиција соопшти дека ќе поднесе соодветен поднесок за 32 – годишник од Желино, кој на социјалните мрежи објавил како поминува на патарина без да плати билет покажувајќи одредена легитимација. Видео-клипот беше објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“.
-Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (19.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок. М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Жителот на Желино наплатна станица ја минувал со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија