Македонија
27. September 2017 - 8:34

Светски ден на туризмот

 По повод Светскиот ден на туризмот, 27 Септември, Министерството за економија ќе им додели признанија на најуспешните туристички агенции, хотелиери, туристички манифестации и на најдобрите ресторани во 2017 година.

И Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје, единствена придружна членка на Светската туристичка организација (UNWTO) од Република Македонија, ќе се вклучи кон одбележување на Светскиот ден на туризмот со пригоден настан организиран во партнерство со Катар Ервејс. На настанот ќе присуствуваат претставници од релевантни институции, дипломатскиот кор и бизнис секторот.