Ракомет
18. November 2016 - 11:49

Супер лига: Охрид домаќин на Работник Еурофарм

Ракометните суперлигаши во следните три дена ќе одиграат четири натпревари од 11.коло, а дерби дуелот се игра во Охрид. Истоимената екипа која е лидер на табелата го пречекува третопласираниот Работник Еурофарм од Битола. Натпреварот се игра вечерва со почеток во 19:30 часот во СЦ „Билјанини извори“.
Утре на програмата се два дуела: Пролет – Вардар Јуниор (почеток 14 часот) и Радовиш – Металург II  (почеток 18:30 часот). Во недела од 12 часот се игра дуелот Работнички – Борец, додека натпреварот Прилеп – Пелистер е одложен.
Табела: Охрид 25 бодови, Пелистер 22, Еурофарм Работник 19, Прилеп 16, Пролет 16, Металург II 14, Радовиш 13, Борец 11, Вардар Јуниор 5, Работнички 0.