Македонија
17. August 2017 - 19:50

Судскиот совет им го одзема имунитетот на 5 судии

Судскиот совет им го одзеде имунитетот на 5-мина судии од Управниот суд, осомничени во случајот Титаник 2 на Специјалното јавно обвинителство. На седницата зад затворени врати советот расправаше по барањето на кривичната судијка Верка Петковска, како да постапува во однос на судскиот имунитет на кој се повикуваат петмината судии од Управен.

Иако на интернет страницата на Судскиот совет не се откриваат повеќе информации, дел од медиумите неофицијано објавуват дека без имунитет остануваат судиите Билјана Никодиновска Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзулаи. Сите овие судии се осомничени за злоупотреба на судската функција во партиски цели, односно во предметот Титаник 2 на СЈО кој се однесува на изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013-та.

Покрај петмината судии во случајот кој Специјалното обвинителство го отвори во февруари годинава, опфатени се и четворица членови на Државната изборна комисија и членови на општинската изборна комисија во Чаир.