Македонија
29. December 2017 - 16:33

Судењето на Јанкулоска и Груевски за „Тенк“ на 30 јануари, на Мијалков за „Трезор“ на 5 февруари

Случаите ,,Тенк‘‘ и ,,Трезор‘‘ по нова година влегуваат во судница. Кривичниот суд информираше дека судечките совети утврдиле осомничените во случајот ,,Тенк‘‘ кој се однесува на набавката на блендираниот мерцедес да седнат во судница на 30 јануари. Во овој случај обвинети се и екс премиерот Груевски и поранешната министерка за внатрешни Јанкулоска. Главната расправа за ,,Трезор‘‘ е закажана на петти февруари, а се однеосува на обвинијата за проневера на државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа во МВР, во кој обинет е екс шефот на УБК Сашо Мијалков.

На 29 јануари во судница за случајот ,,Поткуп‘‘ ќе мора да се појави и премиерот Заев. По вчерашната одлука на апелација да го укине решението на кривичен за прифаќање на видео снимките како доказ премиерот вели дека законот утврдува што може да биде доказ во постапката.

По нова година продолжуваат судските процеси за останатите десет случаи на кои работи специјалното јавно обвинителство, а кои влегоа во судница годинава. Со новиот распоред на кривичниот суд, најголемиот дел од нив ќе почнат од почеток и ќе ја добијат пресудата од новиопт судки совет кои ќе го одреди АКМИС системот.