Студентите задоволни и ги поздравуваат мерките за млади кои ги промовираше Груевски
Стипендии, ослободувања од партиципации, стимулација за упис на факултети, бесплатен автобуски и жележнички превоз, наградни патувања за најдобрите студенти, нови перални во студентските домови се дел од проектите за подобар живот на студентите. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ за 2 месеци промовираше сет од 34 мерки за млади.
- Посветуваме огромно внимание на младите. Тие се нашиот фокус, најсилниот мотив поради што реализираме огромен број на проекти за нив. Потребна им потребна поддршка и понуда за нови можности за успех. Младите се силата која граби напред, и тоа е неминовиен процес кој се случува, а наша задача е тоа да го динамизираме и подржиме. Затоа се стипендиите, затоа се новите факултетите, реформите кои носат квалитет, новите предности и бенифиции за младите.” истакна Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Студентите во државата имаат директна корист од голем дел од промовираните мерки. 100 -те најдобрите студенти кои дипломирале на државните универзитети во Македонија ќе бидат вработени во јавната администрацијата или акционерските друштва каде државата има доминантна сопственост. Истовремено ќе се започне и со проектот “ИНВЕСТИРАЈ ВО СВОЈАТА ИДНИНА”. На студенти кои ќе дипломираат со просек над 9, а се од семејства со пониски приходи и поради финансиски причини не се во можност да го продолжат образованието, Владата ќе им овозможи стипендии за постдипломски и докторски студии на некој од државните Универзитети.
Исто така во академската 2017/2018 ќе се овозможи на сите студенти, кои доаѓаат од семејства кои имаат месечни примања не поголеми од просечната плата, а кои за прв пат ќе запишат студии на државните технички факултети да плаќаат 200 евра партиципација годишно.
Дури за 50% ќе се намали партиципацијата и за студентите од самохрани и еднородителски семејства доколку имаат минимална плата.
На студентите кои се со кофинансирање и доколку постигнат просек над 8,5 ќе им се намали партиципацијата за 50%.
На почетокот на 2017 ќе се реши и горливиот проблем на околу 6.500 студенти преку обезбедување на перални и сушални во државните студентските домови. Истовремено студентите на трите најдобро рангирани универзитети во земјава кои имаат просек над 9,5 а се пред дипломирање Владата ќе им обезбеди бесплатно патување Париз, Венеција и Барселона. Ќе им биде покриено сместувањето, храната, авионскиот превоз и се што вклучува аранжманот.
Обезбеден е бесплатен превоз за сите редовни студенти од државните универзитети во јавниот градски сообраќај, секој ден во неделата. Ќе се спроведе и проектот “еден клик”, со кој ќе се поедностават административните обврски на студентот кон факултетот и ќе им заштеди време и средства.
Студентите задоволни и ги поздравуваат мерките.
- Досега немавме никакви перални и сушални во студентските домови, се снаоѓавме како знаевме и умеевме. Навистина се потребни и навистина со нетпрение ги очекуваме во студенските домови, вели Петар Стојановски кој студира во Скопје, а доаѓа од градот Ресен.
Дарко Ивановски вели дека бесплатниот автубуски превоз е одличлна мерка.
- Не сите студенти имаат можност да се во близина на факултетот каде студираат. Мерката за бесплатен превоз е одлична и се заштедува на буџетот кој порано се даваше за превоз, вели Ивановски.
Моника Стефковска која студира на техничкиот факултет е втора година од студиите и има просек над 9, посочува дека со нетрпение го очекува проектот за вработување на стоте најдобри студенти постдипломци.
- Тоа е мотив да продолжиме со надоградување но и дека имаме сигурна иднина, изјавува Стефковска.
Покрај споменатите мерки најавена е и изградба на три нови студентски домови во Македонија. Два ќе бидат во Скопје, нов студентски дом ќе добие и Тетово.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар