Страотно злосторство: Пронајден измасакриран женски труп, покрај него хируршки ракавици
Руски град живее во страв од „хирургот канибал“ по ужасното откритие на унаказено голо женско тело, на кое му биле отсечени градите и рацете.
Неидентификуваната жртва е избодена во градниот кош, а се здобила и со удари во глава.
Се проценува дека жртвата има околу 30 години. Телото е пронајдено со двете раце завиткани во пластични кеси, на брегот на реката Арамил на Урал, а хируршки ракавици се најдени во близина. Листовите од обете нозе се отсечени, а едната дојка исто така е отсечена со нож. Локалното население го нарече убиецот „арамилски хирург“, пишува Дејли Мејл.
-Бараме можни осомничени, рече портпартолот на истражниот комитет, сличен на ФБИ. Тој негираше дека се пронајдени уште трупови.
-Жителите се во паника, жените се плашат да излезат сами, децата не ги пуштаат надвор, пишуваат руските медиуми.
Локалното население побара на терен да излезат полициски патроли.
-Ужасно е, исплашени сме зошто во нашето место има канибал - рече една мајка.
Олег кој живее близу местото каде е откриено телото, рече дека полицијата му побарала ќебе за да го покрие трупот. Го пшрашале дали слушнал нешто сомнително, но не можел ништо да им каже.
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан