Стојаноска: Гостивар да биде град во кој различностите ќе бидат наша гордост, темел и гаранција за заедничкиот успех
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гостивар, Дафина Стојаноска истакна дека ќе се вложи Гостивар да прерасне во eвропски модерен град, уреден и опремен, за достоинствен живот, во духот на традиционалните вредности, прекрасно место за живеење, каде што сите ќе си ја планираме нашата иднина и иднината за нашите поколенија.
-Го гледам Гостивар после 4 години како град во кој ќе се креираат можности за просперитет, во духот на меѓуетничкиот соживот, меѓусебна почит и толеранција. Град во кој ќе се споделуваат заеднички вредности, без разлика на верска или национална припадност. Град во кој различностите ќе бидат, наша гордост, темел и гаранција за заедничкиот успех. Ќе настојувам заеднички да ги негуваме мирот и стабилноста, сплотени во едно и со една цел: искористувајќи ги ресурсите и поволната географска местоположба – за што поголем економски развој и просперитет на сите нивоа, започнувајќи од основните побарувачки, па се до најсовремените можности и потреби на заедницата во град Гостивар, потенцира Стојаноска.
Вели дека нејзина главна цел ќе биде зголемување на економскиот раст и вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните, но и подобар и поквалитетен живот и одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, и подеднаков третман на сите пред законот.
-Како градоначалник, ќе инвестирам во помодерно образование, иновации и информатичка технологија, како и во креирање на меритократско општество, базирано на талент, знаење и вредности. За таа цел, ќе се реализираат голем број на политики на локално ниво, мерки и проекти кои ќе допринесат за остварување на стратешките приоритети за град Гостивар, посочи Стојаноска.
Нагласи дека на граѓаните им нудат визија преточена во Програма која содржи стотина проекти за секој гостиварец.
-Меѓу најважните проекти кои најдоа место во мојата Програма, би ги издвоила следните: Враќање на старото познато гостиварско корзо и изградба на современ градски плоштад и шеталиште. Изградба на катна гаража од современ тип, на 4 ката, со капацитет од 400 до 500 паркинг места за возила, вклучувајќи и паркинг места за лицата со посебни потреби, како и 120 паркинг места за велосипеди. Изградба на нова детска градинка, со вкупен капацитет за згрижување на 300 деца. Изградба на индустриска зона, со цел: поголема атрактивност во привлекување на домашни и странски инвестиции, и побрз економски развој. Изградба на Центар за селекција и рециклирање на отпадот, преку јавно приватно партнерство, како и Дислокација на депонијата Русино и преуредување на просторот. Изградба на затворен базен. Доизградба на гасоводот и гасификација на Гостивар, гостиварскиот регион, индустриските зони и поголемите индустриски капацитети. Изградба на канализациона мрежа во населба Млаки. Изградба на спортско игралиште во населба Циглана, кое ќе биде повеќенаменско и ќе се користи за фудбал, кошарка и одбојка. Реновирање на фасадите на старите згради низ Гостивар (нас. Малеарди, Кеј Вардар, Мара Угринова, Џамиџит маало и други). Реконструкција на покривот на ОУ „Гоце Делчев“. Изградба на спортски центар во Гостивар. Асфалтирање на преостанатите неасфалтирани улици во нас. Питарница, Млаки и Циглана, како и изградба на кружен тек на крајот од бул. „Браќа Ѓиноски“, на излезот од Гостивар. Изградба на Дом за стари лица, со капацитет од 100 луѓе, појасни Стојаноска.
Рече дека ова е само дел од понудата на ВМРО-ДПМНЕ.
.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец