Македонија
27. August 2016 - 16:15

Станува ли СЈО дел од СОРОС и СДСМ ?

Дали новинарите Огнен Јаневски, Панта Џамбазоски и Нора Шаќири се најдоа на платниот список на СЈО?

Медиумите неколку дена пишуваат за нивниот ангажман од страна на обвинителството но за тоа од СЈО сеуште нема одговор. Оттаму не одговорија дали се точни информациите кои се појавија во јавноста дека Шаќири, Јаневски и Џамбазоски ќе бидат во делот за односи со јавност во обвинителството. На прашањата на колкав период се ангажирани, колку го чини СЈО односно граѓаните нивниот ангажман,  по кој критериум се одбрани сеуште молчат од СЈО.

По пишувањата, се обидовме одговор да добиеме и од прозваните новинари , но не одговорија на телефонските повици ниту на пораките испратени преку социјалните мрежи.

Непотврдени информации од ова обвинителство говорат дека Шаќири и Јаневски веќе неколку дена се појавувале во СЈО. Изминатиот период овие новинари неколку пати јавно и жестоко па дури и на масовни собири ја критикуваа власта.

Специјалното обвинителство раководено од Катица Јанева и претходно беше на мета на јавноста  поради пишувањата од медиумите за непотизам. Одговор немаше по информациите дека се вработуваат роднини на повеќе обвинители колеги на Катица Јанева , како и на повеќе експерти кои се јавуваа со заштитнички ставови кон ова обвинителство.