Македонија
11. July 2016 - 17:49

Средба Попоски-Нуланд

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија Викторија Нуланд. 

- Напредокот во решавањето на внатрешно-политичката криза во контекст на евро-атланската интеграција на Република Македонија беше главна тема на средбата, стои во соопштението од МНР. 

Попоски и Нуланд, како што се наведува, разменија мислења и за низа актуелни теми од регионален карактер, за безбедносните предизвици, како и за активностите во рамки на глобалната коалиција за борба против тероризмот.