Македонија
19. April 2016 - 22:18

Средба на Иванов со амбасадори на земји членки на ЕУ

Претседателот Ѓорге Иванов денеска имаше средба со амбасадорите на земјите членки на Европската унија во Република Македонија, на која беа разменети мислења и информации за политичката криза.

- Претседателот Иванов ги запозна амбасадорите со мотивите и целта која сака да ја постигне со одлуката за помилување – ослободување од гонење, без спроведување на постапка, како и со контекстот и сите аспекти поради кои е донесена одлуката. Амбасадорите ги изнесоа позициите и загриженоста на државите кои ги претставуваат во врска со одлуката и политичката криза. На средбата беа разгледани и состојбите со мигрантската и безбедносната криза, како и предизвиците кои од нив произлегуваат, информира Кабинетот на Претседателот на Република Макеоднија.