Средба Димитриев - Жбогар

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска имаше средба со новиот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје Самуел Жбогар, на која беа поздравени позитивните односи помеѓу Македонија и ЕУ и истакната обострана посветеност за нивно унапредување во секоја сфера од заемен интерес, соопшти владината прес-служба.
- Беше потенцирана стратешката определба за членство на Република Македонија во Европската Унија, при што соговорниците ја афирмираа заложбата за продолжување на заедничката соработка која е од значење за реализација на европските интеграции на нашата земја, стои во соопштението.
Премиерот за спроведување на изборите Димитриев изрази благодарност за соработката со ЕУ во реализацијата на реформите кои се значајни за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, се посочува во соопштението. Тој ја истакна и посветеноста на Владата за спроведување на фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за политичката криза. Од негова страна беше акцентирана и посветеноста на Владата за реализација на програмата и проектите кои имаат реална корист за сите граѓани.
Шефот на Делегацијата Жбогар истакна дека ЕУ и понатаму ќе продолжи да дава поддршка во реализацијата на реформите во Македонија. Двете страни, се наведува во соопштението, ја изразија и значајноста на спроведувањето на акцискиот план на Владата за реформи за европска интеграција на земјата.
На средбата е разговарано и за повеќе други теми од заеднички интерес.
Ново на Сител
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
