Србија отвора две нови поглавја од преговорите за членство во ЕУ
Србија денеска во Брисел ќе ги отвоти поглавјата 7 и 29 од преговорите за членство на земјата во ЕУ, јави Танјуг.
Српската делегација на преговорите ќе ја предводи министерката за евроинтерграции Јадранка Јоксимовиќ, која изјави дека поглавјата за авториските права и интелекталната сопственост и за царините се особено важни теми за Србија.
- Тоа е нашто што ќе придонесе за развој на економијата базирана на знаење, рече Јоксимовиќ во пресрет на денешната шеста по ред преговарачка конференција меѓу Белград и Брисел.
Ова е второ отворање на нови поглавја од преговорите меѓу Србија и ЕУ годинава, откако во февруари исто така беа отворени две поглавја. По денешната конференција, Србија ќе има отворено 10 од вкупно 35-те поглавја од договрот за членство во ЕУ.
- Имиџот е многу важен. Тој лесно се расипува, а тешко се поправа. Мислам дека ние го поправивме, порача Јоксимовиќ во пресрет на денешните преговори.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци