Србија: Една четвртина од граѓаните се под опасност од сиромаштија
Српскиот Републички завод за статистика (РЗС) соопшти дека стапката на сиромаштија во земјата изнесува 25,5 отсто, односно дека една четвртина од граѓаните се во опасност да станат сиромашни.
Според податоците на РЗС, стапката од ризик од сиромаштија или социјална исклученост во 2016 година изнесувала 38,7 проценти.
На ризиците од сиромаштија најизложени се младите од 18 до 24 години (32,7 отсто), потоа помладите од 18 години (30,2), додека најниска стапка од ризик од сиромаштија има популацијата постара од 65 години (19,1 проценти).
Според работниот статус, најизложени на ризик од сиромаштија се полнолетните невработени граѓани (48 отсто).
Анкетата за приходите и условите на живот четвртипат е спроведена на територијата на Србија од мај до јули 2016 година.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево