Фудбал
21. September 2023 - 10:40

Тухел: Победата над Манчестер јунајтед е важна за самодовербата на моите фудбалери

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, смета дека синоќешната победа над Манчестер јунајтед (4:3) во натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите е многу значајна за подигнувањето на самодовербата на неговите избраници.

- Има некој парадокс во тоа што го одигравме второто полувреме подобро од првото, но го загубивме второто полувреме, а го добивме првото. Победата е важма за нашиот развој и самодоверба. Не чека уште многу работа. На секој натпревар се закануваме кон голот, на секој натпревар создаваме шанси, но во почетокот на полувремињата бевме многу резервирани. Имавме среќа што не примивме голови во овие сегменти. Сè уште не сме 100 проценти задоволни, но нашата реакција на проблемите што се појавија беше многу добра, изјави итира Тухел на прес-конференцијата по натпреварот.

Баерн е прв во поредокот во А-групата со три бода, пред Галатасарај и Копенхаген со по еден бод, Манчестер јунајтед е последен без бодови.