Македонија
19. October 2015 - 17:42

Специјалните обвинители ја послушаа Јанева и не дадоа заклетва пред Советот на јавни обвинители

Тимот на Јанева не положи заклетва. Сдуммината обвинители денеска ја послуша директивата на специјалната обвинителка и не се појавија пред Советот.

Тие ќе го чекаат епилогот од политичкиот притисок кој изминатава недела му се врши на Советот на Јавени обвинители кој кулминираше кога најголемите политички партии испратија писмо во кое бараат Советот да и ги избере обвинителите на Јанева.

Писмото денеска преку министерот за правда пристигна до Аневски, но тој и го препрати на Јанева со порака инцијативите да ги поднесува лично а не преку политичките партии

Аневски рече дека останува на својот став дека седуммина обвинители се сосема доволно за Јанева да почне со работа а доколку има потреба Советот е подготвен да назначи и нови.
Тој призна дека во изминатиот период Советот бил на мета на политички притисоци но најави дека нивна обврска е да работат врз основа на закон а не на политички директиви.

Во изминатиот период Обвинителите со своето независно дејствување ја потврдија определбата за независни институции и за почитување на законите и Уставот а Македонија и тоа токму од оние кои се најповикани да ги спроведуваат. Сител од свои извори дознава дека во Обвинителството и Судовите врие по сите случувања и притисоци кои и се прават н оваа институција.

И покрај тврдењата на Јанева дека во нејзиниот тим нема обвинители со судир на интереси, Аневски денеска со јасен став. Кумашинот на адвокатот на Зоран Заев, Гаврил Бубевски не може да биде во тимот на Јанева.

Јанева и денеска останува недостапна за Сител.