Македонија
28. March 2016 - 16:36

Специјалната обвинителка Катица Јанева сама си стави сопка - Бошкоски и адвокатот немале забелешки за апсењето

Со тортура Специјалното обвинителство и Катица Јанева ја продолжуваат својата агенда. Апсењето на Љубе Бошкоски според Специјалното обвинителство е спроведено на начин кој е спротивен на законот.

Експертите велат дека отворањето на оваа истрага исто како и претходната е конструкција по нарачка на Зоран Заев. Од Специјалното обвинителство потврдуваат дека знаеле дека по апсењето Бошковски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски Џанго потпишале документ на кој јасно потврдиле дека немаат никаква забелешка на полициската постапка од страна на овластените лица, но сепак, решиле да отворат истрага, најверојатно за остварување на нечии политички агенди.

Сител дојде до документот на кој стои потписот на Бошковски и неговиот адвокат Џанго.

„Во записникот за задржување на лице е констатирано дека задржаното лице нема видливи повреди, дека нема потреба од лекар и нема забелешки а истиот своерачно го потпишале Љубе Бошковски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски Џанго“ – се наведува во документот.

Бошковски беше приведен во полициска акција под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Кај него, полицијата пронајде стотина илјади евра во кеш и пиштол.

Подоцна во јавноста се појави видео на кое може да се види како Бошковски во замена за пари договара промена на името на Македонија

Љубе Бошковски со години го градеше својот имиџ на голем патриот па очекувано, видеото беше дочекано со големо разочарување во јавноста. На ист начин граѓани реагираат и по последната прес конференција на Јанева, коментирајќи дека на овој начин се испраќа порака дека секој кој што ќе се пазари со името во иднина ќе добие заштита од Заев и Катица Јанева, а оние кои што на тоа ќе се спротивставуваат ќе бидат политички прогонувани од специјалното обвинителство