Македонија
14. April 2016 - 16:33

Спасовски: Нема пропусти во полициската акција

Полицискиот билтен од синоќешното дивеење на улиците од страна на опозицијата  се 13 приведени лица,повредени новинари и фоторепортери и демолиран државен имот. По средбата со началниците во СВР Скопје  Спасовски информираше дека немало пропусти во координацијата и раководењето на синоќешната акција на полицијата. Внатрешна контрола и инспектори сепак ќе утврдуваат дали е употребена прекумерна сила. Техничкиот министер рече дека се постапува по наредба на Обвинителство и истото  ќе одлучи кои ерки ќе се преземат за приведените демонстранти со кои сеуште се врши распит.

-Секој има прво мирно и демократски да го изрази своето видување, револт и незадоволство, меѓутоа тоа мора да биде ненасилно и мирно како што доликува на демократски свет. Во таа насока апелирам да нема насилства на протестите и да нема состојби на уништување на имот, како и напади врз полицијата, изјави Спасовски по денешниот работен состанок со началникот на СВР Скопје и луѓето вклучени во обезбедување на синоќешните протести.  Тој апелира до граѓаните да ја третираат полицијата како партнер и чувар на нивната безбедност.- Нормално е полицијата да постапува по стандардни процедури и да нема прекумерна употреба на сила. Во тој правец и сега разговаравме колку е можно повеќе сите вклучени да бидат заштитени, рече Спасовски.

Како што информираа вчера медиумите дека освен што е целосно уништена народната канцеларија на претседателот и министерството за правда, украдени се и компјутери и други предмети. Синоќешното дивеење од страна на стотиците приврзаници на опозицијата и движењето #ПРОТЕСТИРАМ, не било најавено како протест во МВР вели Спасовски. Организатори немало така што освен приведените никој друг  нема да одговара за насилното однесување на демонстрантите. Според технички поставениот министер протест законски  може но и немора да биде најавен во МВР а Спасовски  апелира  да се најавува а претставниците на медиумите видливо да бидат обележани за нивна безбедност.