Спасов: Бројот на приматели на социјална помош преполовен од 2006 година
Од околу 60 илјади приматели на социјална помош во 2006 година, сега тој број во Македонија изнесува 30 илјади, информира министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Велес.
- Намалување на бројката е резултат на мерките и политиките на Владата на Република Македонија за зголемување на бројот на работни места, за привлекување на странски инвестиции и на активните мерки за вработување, рече Спасов.
Тој потсети дека токму преку проектот „Македонија вработува“ им се овозможува значителна поволност на приватните компании, доколку вработат лица со посебни потреби. Притоа имаат можност да бидат ослободени од социјалните придонеси.
- Тоа е многу важно за овие лица со посебни потреби, како и за компаниите, истакна министерот Спасов.
Ново на Сител
-
На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија
-
На набљудувач му ги дупнале гумите на автомобилот во Радуша
-
Се гласа во сите избирачки места во Тетово, на две места со употреба на УВ-ламба и отпечаток од прст
-
Во Прилеп до 9 часот гласале 6,69 за претседателските, а 6,52 за парламентарните
-
Кавадарци со 6.22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5.4 проценти
-
Во Демир Капија 10,42 отсто излезност до девет часот
-
Во Велес до 9 часот гласале 6,36 проценти за претседател и 6,29 проценти за пратеници
-
Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и град