Македонија
13. јуни 2017 - 14:42

Советот на обвинители го прифати предлогот за смена на Зврлевски

Советот на јавни обвинители на денешна седница со мнозинство гласови го прифати предлогот на Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Претседателот на Советот, Петар Аневски изјави дека членовите на Советот со мнозинство гласови позитивно се изјасниле по предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија.

Додаде дека мислењето ќе го достават до Владата заедно со краткото образложение, а потоа заедно со предлогот за разрешување треба да биде испратено до Собранието на РМ.