Советите на Тито: Како да се уништи тероризмот кој е закана за сите нас

По повод терористичките напади во Франција, на социјалните мрежи е актуелен говорот на Тито токму за оваа тема. Еве како говорел лидерот на СФРЈ на тема-тероризам, по нападот на израелските спортисти за време на Олимпијадата во Минхен.
"Знаете каква е ситуацијата. На Блискиот Исток работата дојде до ќорсокак. Видовте што се случи на Олимпијадата во Минхен. Убиени се 11 израеслки спортисти, направен е масакр. Загинаа двајца Германци. За тоа веќе можеа да бомбардираат со авиони, да убиваат жени и деца во Сирија...Јас како и цел народ апсолутно сум против случувањата. Дали биле свесни или не не знам, но ние сме против секаков вид терор. Но, да размислиме малку, какви се видови тероризам и терор има? Што е со оној терор во кој секојдневно се фрлаат бомби, се руши и убива? Тоа е најлош облик на терор. Нека се извлече поука од ова што се случи. Да се направи нешто во светски размери за да се искорени тероризмот, рече Тито во својот говор.
Со тоа го даде рецептот како да се уништи тероризмот кој е закана за сите нас.
Ново на Сител
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
-

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена
-

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија
-

Мајката тврди дека со двегодишното дете гледале огномет, слушнала звук по што видела крв на неговата глава
-

Германскиот полициски синдикат бара итна забрана на приватните огномети по црниот биланс за Нова година
