Состанок за подготовка на нова стратегија за реформа на јавната администрација
Работната група за подготовка на новата стратегија за реформа на јавната администрација за периодот 2016 - 2021 година денеска одржа прв состанок.
Тимови од Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА), универзитетски професори и невладиниот сектор ги разгледуваа насоките од СИГМА за изработка на стратегијата, начинот на нејзино структуирање, како и клучните реформски области кои треба да се обработат во рамки на работната група и тематските подгрупи.
- Процесот на изготвување на стратегијата за реформа на јавната администрација е многу важен за Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација. Посветени сме кон изготвување стратегија која е квалитетна и сеопфатна, изјави заменик- министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски.
Со цел изработка на Стратегијата за РЈА (2016-2021), формирана е меѓуресорска работна група составена од претставници на сите институции кои имаат свои надлежности во рамките на реформата на јавната администрација
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево