Состанок на криминалистичките полиции од ЈИЕ во Скопје
Вториот Состанок на директори, односно шефови на криминалистичка полиција од ЈИЕ се одржа во Скопје во рамките на македонското претседавање со Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа.
Како што соопшти МВР, на дводневниот состанок учествувале претставници од сите договорни страни на Конвенцијата: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Унгарија, Молдова, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, како и од Македонија и претставници од меѓународни и регионални организации како ИОМ, DCAF и CEPOL.
Настанот се одвивал во три работни дела. На прво место била темата за миграција и сите нејзини облици, како актуелно најприсутна појава од интерес за сите земји од регионот и пошироко, за која, се наведува, се одржале бројни презентации. Следувале проблематиката поврзана со борбата против трговијата со дрога, исто така значајна и актуелна тема, за која имало речиси еднаков интерес како за првата.
- Последна но, не помалку важна е и третата тема, а го опфаќа идното одржување на состаноците во овој состав и на ова ниво и која предвидува дискусија на тркалезна маса при што секоја земја треба да го изнесе своето мислење по истата, стои во соопштението на МВР. вг/18:43
Ново на Сител
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени
-
Усвоен планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица