Македонија
19. February 2017 - 9:31

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег паѓа на Попова Шапка, додека низ цела Македонија врне ситен дожд, соопшти Автомотосојузот на Макеоднија. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата - информација која се однесува за македонската страна на премините