-->
-->
Сообраќајка кај Прилеп: Полицијата врши увид, сообраќајот веќе 3 часа е блокиран
-->
Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево, на патниот правец Прилеп – Битола, кај месноста викана Лагово.
Неофицијално, се стравува дека во сообраќајката има и една жртва, објави Телеграф.
Авто-мото сојузот на Македонија соопшти дека поради несреќата, сообраќајот на патниот правец е во прекин од 17 часот и 15 минути.
Од СВР Битола истакнаа дека подетални информации ќе имаат по завршувањето на увидот.
-->
-->
-->