Собранието на РМ: Оспорувајќи го законодавниот дом, Јанева го руши сопствениот легалитет
Денешната изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за наводната нелегитимност на клучните инстистуции на државата претставува врв на еден несмасен потценувачки однос заради што истиот најостро се осудува. Личноста што беше консензуално изгласана во македонскиот законодавен дом, оспорувајќи го неговиот легитимитет добиен од народот на фер и демократски избори, всушност најдиректно го руши сопствениот легалитет.
Ова се наведува во реакцијата на Собранието на Република Македонија на денешната изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која рече дека нема да оди во Парламентот и на седницата на Советот на јавни обвинители да го образложи Извештајот за шестмесечната работа на Специјалното јавно обвинителство.
- Јанева со овој последен однос, најдиректно придонесува и за натамошно рушење на сопствениот професионален имиџ, со што, иронично, таа самата најмногу работи институцијата што ја раководи забрзано да чекори кон сопствената нелегитимност. Оспорувањето на клучните институции и нивното непочитување претставува опасна игра која може да го доведе во прашање функционирањето на државата. Собранието на Република Македонија сака да верува дека ова е само еден од лошите денови на Јанева, стои во соопштението од Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“