Балкан
16. July 2016 - 13:03

Собири за поддршка на Ердоган во Берлин и Виена

Неколку илјади лица се собраа претпладнево во Берлин и Виена за да протестираат против обидот за воен удар во Турција и за да му изразат поддршка на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави ДПА. 

Околу 3.000 лици присуствуваа на собирот пред Турската амбасада во Берлин, носејќи турски знамиња и блузи на кои пишуваше „Турција“. 

- Не станува збор за политика, тука за поддршка на земјата, изјави еден од учесниците на собирот.

Според агенцијата, насобраните луѓе пред Амбасадата се разотишле по информациите од Анкара дека обидот за воен удар во Туцрија пропаднал.

Во исто време, околу 4.000 лица се собраа пред Амбасдата на Турција во Виена, од каде се уаптија во протестен марш кон центарот на градот скандирајќи го името на Ердоган.