Македонија
16. September 2017 - 10:38

Со света архијерејска литургија ќе се одбележи 50-годишнината од формирањето на Дебарско-кичевската епархија

Со Света архијерејска литургија што ќе се служи во манастирот „Св. Великомаченик Георги“ во кичевското село Кнежино утре ќе биде прославена 50-годишнината од основањето на Дебарско-кичевската епархија и пет децении од автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во рамки на прославата ќе бидат осветени и новоизградните манастарски конаци.

Со светата архијерејска литургија што ќе почне во 9 часот ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на архиереите на МПЦ.

Одуката за прогласување автокефалност на МПЦ Светиот синод ја донесе на третиот црковно-народен собор и свечената седница одржана на 17 јули 1967 година во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на МПЦ беше извршен со Светата архијерејска литургија одржана два дена подоцна во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид.