Македонија
7. December 2015 - 16:48

Со службени возила Спасовски одел на трибини на СДСМ!?

Техничкиот министер Оливер Спасовски со службени возила  на МВР забележан на партиска трибина во Крива Паланка објави пресс 24.Спасовски синоќа е виден како илегува од службено возило во градот каде СДСМ одржуваше партиски настан. Со ваквото однесување Спасовски отвора простор за сомнеж дека министерот за внатрешни работи ги злоупотребува службените возила за партиски цели, што е сосема спротивно на декларативните заложби на СДСМ за одвојување на партијата од државата. Оливер СПасовски се вози во автомобили кои ги платиле сите граѓани на МАкедонија и троши гориво за кое плаќаат сите даночни обрзници, а целта на неговото патување во Крива Паланка е учество на партиски состанок. И покрај фотографиите кои ги објави порталот Пресс 24 и реакциите од читателите дека е виден како излегува од службениот автомобил пред партиската трибина , Спасовски негираше дека овие информации се точни.

Работењето на Спасовски уште од самиот почеток беше проследено со скандали од кои последниот е набавката на најлуксузен мебел за неговите соработници и платата од 1000 евра која решил да им ја дава, пишува порталот.  Спасовски тврди дека тоа не е точно посочувајќи дека неговите советници работат во несоодветни услови. Претходно, Спасовски беше инволвиран во сандалот кога издаде наредба дека им ги укинава овластувањата на вработените во МВР и ја загрози безбедноста на Македонија.