Македонија
29. December 2017 - 15:48

Со боксирач претепан бербер во неговиот дуќан во Врапчиште

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Р. (34), Ј.М. (18) и Р.Р. (17), сите од с. Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

С.Р., на 19.октомври годинава во 18.50 часот во берберница во село Добридол со метален боксирач физички го нападнал сопственикот Е.С. (26). 

Во нападот се приклучиле се приклучиле и Ј.М. и Р.Р..