Македонија
21. January 2017 - 16:30

Снегот ги наполни зимските туристички места

Снегот и зимската идила ги исполнија зимските центри во земјава. Хотелиерите тријат раце. Скоро да нема слободно место во Маврово, Шапка, а не помалку полни се и Пелистер и Пониква. Надлежните информираат дека снегот несомнено оди во прилог на развојот на зимскиот туризам. Велат дека ова е одличен старт за годинава. Но,  треба да се размислува и на подобрување на условите за гостите и проширување на понудата.

Најбројни гости покрај домашните се и туристите од соседните земји. Државата прави напори да ги заживее и зимските центри како Галичица и Голак. Сепак, според Николовски би требало да се размислува во насока на скратување на летниот, а продлжување на зимскиот распуст на учениците.

Последната статистика покажа 5 процентен раст на туризмот. И покрај мигрантската и политичката криза туристичкиот сектор ја заврши ланската година со позитивни резултати.