Бизнис
7. February 2017 - 20:26

Словачка компанија ќе прави фабрика за пелети во Македонија

Словачката компанија  Холз  Косалтинг ќе гради фабрика за производство на пелети и брикети во Македонија. Во првата фаза ќе инвестираат 10 милиони евра и ќе вработат  500 лица. Фабриката треба да биде готова крајот на годината, а во моментов разгледуваат две локации за изгардба -  во близина на Коридорот 10 и железницата, затоа што најголем дел од производствоти ќе им биде наменето за извоз.

-Поголемиот дек од производството ќе биде наменето за извоз, и тоа претежно во Италија, додека помал дел ќе останува за  потребите на македонскиот пазар. Но тие количини ќе бидат доволни за задоволување на потребите на пазарот, изјави Хенрих Кубичка, Холз консалтинг

Македонски шуми ќе треба  да им обезбедуваат суровина и логистичка поддршка во наредните 5 години. Целта е  ѓраѓаните  да се преоринтираат од  греење на дрва кон  пелети, бидејќи на тој начин ќе се намали загадувањето и ќе се спречи сечата на шумите.  Пелетите  ќе се произведуваат од шумски и земјоделски отпадоци.

На македонскиот  пазар во моментов тешко можат да се најдат пелети, а и цената драстично е зголемена. Властите уверуваат дека причината за ова е  големата  побарувачка на пазарот, поради силната зима, а помалата  понуда автоматски ја зголемува цената .

За задоволување на потребите за домашниот пазарот, ќе бидат потребни 5 до 7% од целокупното прозиводство., Само за  Италија на пример, фабриката ќе треба да испорача  над 9 милиони тони пелети годишно.

Со влезот на словачката компанија, треба да се намали недостигот од пелети, а според најавите на менаџментот и цената ќе биде пониска.