Скопје под полициска опсада – Продолжува судењето на обвинетите за настаните во Дива населба
Судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба во мај минатата година, треба да продолжи денеска во просториите на Врховниот суд.
Засилени безбедносни мерки во и околу судот, како и на локалните сообраќајници се преземени и денеска. Местото околу судот го надлетуваа и полициски хеликоптери.
Обвинетите се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација.
Судењето против 29-те обвинети лица започна пред два дена, на 9-ти овој месец.
Образложувајќи го обвинителниот акт, јавниот обвинител Наум Пановски на почетокот на судскиот процес рече дека Обвинителството ќе докаже дека обвинетите биле учесници во судирот во Куманово, како и во нападот врз полициската станица Гошинце.
Според обвинението, дел од обвинетите на 21 април минатата година ја нападнале полициската станица Гошинце и го зеле целото оружје за логистичка поддршка.
Според Обвинителството, структурата на вооружената група била составена од три нивоа. Првото ниво било командната структура во која најголем дел се државјани на Косово, второто ниво била логистиката која обезбедувала помош и засолниште за учесниците во нападот и најголем дел од нив биле од Македонија, додека во третото ниво биле извршителите, кои биле од Косово.
Одбраната на почетокот на судскиот процес побара овој случај да го преземе Специјалното јавно обвинителство.
На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево