Македонија
26. January 2024 - 16:03

Скопјани личните карти и возачките дозволи ќе ги добиваат на домашна адреса

Со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна имплементацијата на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици, соопштија попладнево од Министерство за внатрешни работи.

Како што посочуваат од полицијата овој пилот проект се спроведува само во Скопје.

- Исто така, ги известуваме граѓаните дека во сабота (27.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот), додаваат МВР.