Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ од чл.225 од КЗ на РСМ, затоа што А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице, соопшти МВР.
Како што појаснуваат оттаму, А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез - излез на предметното земјиште, каде што за секој влез - излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.
Ново на Сител
-
Продолжи седницата за избор на претседател на Уставниот суд
-
Поддржувачите на Трамп повикуваат на немири и насилна одмазда по пресудата
-
Македонската кик бокс маи таи репрезентација отпатува на Балканското првенство во Црна Гора
-
До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје - Гостивар
-
ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено старо оружје
-
20 годишно момче загина по удар од гром
-
Министрите за надворешни работи на НАТО ќе разговараат за планот од 100 милијарди евра за воена помош за Украина
-
Продолжува седницата за избор на претседател на Уставен суд