Македонија
1. April 2016 - 19:14

СЈО и ОЈО отворија предистражни постапки за објавувањето приватни монтирани прислушувани разговори - МВР не презема ништо

Основното јавно обвинителство Скопје оформило повеќе предмети за објавувањето на нелегално прислушуваните матерјали на Ју Тјуб. По пријавата на повеќе лица меѓу кои и пратеничката Ермира Мехмети Обвинителство покренало постапка за откривање на лицето кое ги објавува разговорите. Мехмети која се огласи во јавноста пред неколку денови изјави дека снимката е монтирана со цел нејзина уцена.

-Во врска со објавените разговори, ве известуваме дека по пријава на граѓани во Основното јавно обвинителство - Скопје се оформени повеќе предмети по кои се постапува“, велат од Обвинителството.

Специјалната обвинителка Јанева денеска пак преку соопштение остро го осуди објавувањето на овие матерјали.

-Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите најостро го осудува објавувањето на материјали од приватни разговори кои изминатите денови се појавија на социјалните мрежи, а со кои се нарушува интегритетот, достоинството и моралот на определени лица. Во оваа насока појаснуваме дека објавувањето на вакви материјали е кривично дело, согласно членот 151 од Кривичниот законик, изјави Катица Јанева

Повик до СЈО за формирање предмет поврзан со нелегалното објавување разговори упатија и Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска кои беа на разговор со истражителите во Специјалното јавно обвинителство.

Од основното јавно обвинителство засега не откриваат во која фаза е постапката и дали се повикани лица да дадат исказ поврзан со случајот.