Македонија
1. November 2016 - 16:40

Сител анализа: Заев и Ахмети влегоа во предизборниот ринг - кој е поголем Албанец во Македонија !?

Во борба за гласовите во албанскиот етнички блок, Заев и Ахмети се мерат, кој е поголем Албанец во Македонија, коментираат експертите. 

Ваквиот став следи по чудната коинциденција во понудата која на албанскиот електорат им ја сервираа лидерите на СДСМ и ДУИ.  Она што Ахмети го нуди пред своите гласачи, според експертите Заев уште одамна го даде како своја понуда.
Ахмети испорача ултиматум за редефинирање на Македонија и инсталација на двојазичност на целата територија, што коинцидира со понудата на Заев кој не крие дека готви редефинирање на Македонија а доколку СДСМ дојде на власт, Албански ќе се зборува во секое место во Македонија која според лидерот на СДСМ,

Битката на Заев и Ахмети за албанските гласови, според експертите оди директно на штета на македонските национални интереси и константни ги слабеат македонските позиции. Тие потсетуваат на изјавата на Ахмети дадена викендов во која лидерот на ДУИ пред сопственото членство рече дека брзо ќе дојде времето кога Македонците ќе станат малцинство во својата држава

Никовски вели дека Македонците имаат начин да ги пресретнат апетитите на ДУИ засилени од како што вели, антимакедонските понуди на Заев за да спречат ситуација во која би биле гости, во сопствената држава. Според Никовски, овие избори се клучни за зачувување на државата па оттука, сосема разбирливо е барањето на Груевски за 63 пратеници.
Експертите очекуваат, како што ќе се наближува денот на изборите, во албанскиот политички блок да расте националиситчката реторика која по 11 декември ќе може да ја стави под контрола само влада со стабилно мнозинство.