-->
-->
Сите и се радуваме на елката а малкумина знаат зошто ја китиме
-->
Сите го чекаме оној период од годината кога ќе ги накитиме елките, кога ќе заблескаат домовите и ќе се почувствува топлина и новогодишна магија. Особено дечињата се радуваат на китењето на елката, а не се имуни ни возрасните. За мнгоумина ова е најубавиот период од годината, но дали знаете зошто всушност ја китиме елката? Сето тоа е објаснето со руска бајка.
Имено, над пештерата во која Христос бил роден раснале дрве – бор, кедар и елка. Нив ги обсипала светлината на Христовото раѓање, па посакале и тие нешто да подарат. Кердарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале игглички полни со убав мирис. Борот ги спуштил најубавите шишарки, додека елката горчливо плачела, поради тоа што немала мирис на игличките, ниту имала шишарки. Нејзините солзи ги видела ѕвезда па се сожалила. Испратила мала ѕвезда да се спушти на нејзиниот врв. Тогаш таа ја прекрила со ѕвездина светлост и длабоко започнала да се поклонува, ја спуштила ѕвездичката пред пештерата каде во јаслите на сламата лежел Христос.
Затоа и денес на врвот на елката се става ѕвезда, како знак на љубов кон Исус Христос.
Подароците кои се поставуваат под елката се подсетување на Христовото раѓање и баш таа радост треба да ги израдува децата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи